Opportunity4You
ШАНСА ЗА ТЕБЕ
Назив на проектот: Opportunity4You
Проектот Opportunity4You е кофинансиран од страна на Европска Унија
Програма за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2016-2020 година, според Инструментот за претпристапна помош (ИПА II), распределби 2018, 2019 и 2020 година
Договорен орган: Влада на Република Србија, Министерство за финансии, Одделение за склучување договори и финансирање на програми финансирани од ЕУ (CFCU)
Период на реализација: 01.03.2023 -31.07.2024
Буџет на проектот: 231.157,30 ЕУР
Партнери во проектот
ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЗНАЕЊЕ
Центарот за Управување со Знаење е истражувачки центар формиран во 2008-ма година, со цел да ги зајакне и подобри процесите на управување со знаење во сите општествени области во република Македонија и регионот на ЈИЕ. Центарот покрива широка палета на активности која се спроведува во соработка со граѓанскиот сектор, државните институции и деловната заедница. Визијата на Центарот е да прерасне во активен учесник во институционалниот и економскиот развој на земјата и регионот.
Центар за развој на Скопскиот плански регион
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Integer adipiscing erat eget risus sollicitudin pellentesque et non erat. Maecenas nibh dolor, malesuada et bibendum a, sagittis accumsan ipsum. Pellentesque ultrices ultrices sapien, nec tincidunt nunc posuere ut. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Nam scelerisque tristique dolor vitae tincidunt. Aenean quis massa uada mi elementum elementum. Nec sapien convallis vulputate rhoncus vel dui.
Центар за развој Јабланичког и Пчињског округа
Центарот за развој на окрузите Јабланица и Пчиња е основан во ноември 2006 година. Регистриран е како друштво со ограничена одговорност со цел да го поддржи долгорочниот социо-економски развој на регионот. Основачи на Центарот се општините од Јабланичката и Пчињската област, претставници на бизнис секторот и граѓанското општество.
Мисијата на Центарот е да иницира, подготвува и спроведува развојни проекти на територијата на Јужна Србија, остварувајќи го синергетскиот ефект од заедничката работа на сите релевантни општествени групи и поединци, остварувајќи максимален ефект со користење на ограничени ресурси и капацитети.
Визијата на Центарот е да стане главен развоен координатор на сите општини од областа Јабланица и Пчиња и да биде препознаен како таков од домашните и меѓународните развојни институции.
Општина Власотинце
Цели на проектот
Општа цел на проектот е подобрување на механизмите за поддршка на вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област.
Конкретни цели на проектот се
- SO1: Воведување на нови пристапи и соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор со цел да се поддржи вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област.
- SO2: Зголемување на капацитетите и надлежностите на јавниот и приватниот сектор за спроведување на програми за вработливост
Целни групи на проектот
Целните групи, групи директно вклучени во проектните активности се:
- Единици на локалната самоуправа;
- Мали и средни претпријатија, претпријатија во сопственост или управувани од жени;
- Формални и неформални образовни институции;
- Граѓански организации, занаетчии , земјоделци, деловни здруженија;
- Невработени лица, вработени лица, студенти, неактивно население.
Географска покриеност
Северна Македонија:
- од Скопскиот регион општините Арачиново, Чучер Сандево, Илинден, Петровец, Сопиште, Студеничани, Зелениково и општините Бутел, Ѓорче Петров и Сарај од Град Скопје) и
- од Североисточниот регион општините Кратово, Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка
Србија:
- од областа Јабланица вклучувајќи го град Лесковац и општините Бојник, Лебане, Медвеѓа, Власотинце и Црна Трава; и
- од округот Пчиња вклучувајќи го Град Врање со две градски општини: Врање и Врањска Бања и општините Владичин Хан, Сурдулица, Босилеград, Трговиште, Бујановац и Прешево