ПРОТОКОЛИ ЗА СОРАБОТКА И ПОВЕЛБИ ЗА ПРИДОНЕС КОН ЗАЕДНИЦАТА
ЗНАЧАЈ НА ПРОТОКОЛИТЕ ЗА СОРАБОТКА
ПРОТОКОЛИ ЗА СОРАБОТКА И ПОВЕЛБИ ЗА ПРИДОНЕС КОН ЗАЕДНИЦАТАПротоколите за соработка имаат за цел воспоставување на продуктивна соработка помеѓу потписниците во врска со унапредување на механизмите за поддршка на вработливоста и мобилноста на трудот во прекуграничната област помеѓу Србија и Северна Македонија.
Целите на соработката се:
- Воведување на нови пристапи на соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор со цел да се поддржи вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничниот регион,
- Зголемување на капацитетите и компетенциите на јавниот и приватниот сектор за спроведување на програми за вработливост, и
- Воспоставување на Прекуграничната мрежа за мобилност на работната сила и развој на вработувањето. Оваа Прекугранична мрежа ја сочинуваат корисниците на Проектот, единиците на локална самоуправа, мали и средни претпријатија, претпријатија во сопственост на или управувани од жени, институции за формално или неформално образование, граѓански организации, земјоделци, стопански комори, како и други клучни актери на пазарот на труд во прекуграничната област, Србија и Северна Македонија.
Со потпишување на овој Протокол, корисниците станаа членови на оваа неформална Прекугранична мрежа.