НАСТАНИ ОРГАНИЗИРАНИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ШАНСА ЗА ТЕБЕ
ПРЕКУГРАНИЧЕН САЕМ НА ВРАБОТУВАЊЕ ЛЕСКОВАЦ
27-28 АВГУСТ 2024САЕМ НА ТРУДОТ ВО ПРЕКУГРАНИЧНАТА ОБЛАСТ ПОМЕЃУ СРБИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ВИДЕО СВЕДОШТВА
Прв прекуграничен саем на вработување, Лесковац - Видео сведоштва
Видео сведоштва од менторског програма со Марија Ковачи - SARA FASHION
Видео сведоштва од менторског програма со Валентина Сетинова - BOROV ELIKSIR
Видео сведоштва од менторског програма со Ангела Петришевска
Информативен настан за развивање на континуирани програми за менторство за заинтересирани организации
Скопје, 19 Мај 2024Центарот за развој на Скопски плански регион вчера го реализираше еднодневениот „Информативен настан за развивање на континуирани програми за менторство за заинтересирани организации“, на кој присуствуваа мали и средни компании/центри за стручно образобвание и вештини (вет центри) и кандидати за пракѕтиканти. Настанот беше показател дека повеќе од потребно е вмрежувањето на компаниите и практикантите со цел директно да се инфдормираат за предностите од воведувањето на програмата за практикантска работа и да се едуцираат учесниците како да пристапат кон процесот во нивните организации, имајќи ги предвид законските регулативи во Македонија.
Информативно – едукативна работилница за градење капацитети на организации и центри за стручно образование
Скопје, 09-10.05.2024Во периодот од 9 до 10 мај 2024 Центарот за развој на Скопски плански регион организираше дво-дневна информативно – едукативна работилница за градење капацитети на организации и центри за стручно образование во Северна Македонија. Оваа работилница беше наменета за менаџментот на малите и средните претпријатија и центрите за обука и стручно образование.
Информативно - едукативно/тренинг работилница за градење капацитети на компании од Србија за развој и започнување на интерна програма за стручно образование и обука за стекнување вештини
Власотинце 12 Април 2024Овој дводневен настан се организираше со цел да се информираат целните групи за придобивките од развивањето и акредитирањето на програмите за СОО за стекнување вештини и да се едуцираат за тоа како да пристапат кон процесот во нивните организации, со оглед на актуелните регулаторни барања за акредитација. На работилницата присуствуваа претставници од мали и средни претпријатија, претпријатија во сопственост или управувани од жени, занаетчиски работилници / претприемачки работилници, формални и неформални образовни институции од прекуграничната област (членови на прекуграничната мрежа за труд мобилност и развој на вработување). Вкупно 30 претставници.
Информативен и едукативен настан - работилница за изработка на програма за практикантска работа за заинтересирани организации во Србија
Лесковац, 10 Април 2024Целта на настанот беше да се информираат целните групи за предностите од воведувањето на програмата за практикантска работа и да се едуцираат учесниците како да пристапат кон процесот во нивните организации, имајќи ги предвид законските прописи во Србија. На настанот присуствуваа претставници на мали и средни претпријатија, бизниси во сопственост или управувани од жени; ГО; Занаетчиски, земјоделски, деловни здруженија од Јабланичко Пчињскиот регион.
Буткамп за раст за млади од прекуграничен регион во Србија
Власотинце 4-8 Март 2024На Growth Bootcamp-от земаа учество 30 млади луѓе од Србија. Истиот покри тематски области кои ќе им помогнат на овие млади луѓе во нивниот кариерен развој, да ги развијат своите работни и претприемачки вештини и да ги препознаат можностите за професионален и кариерен раст. Во исто време на овие млади луѓе им се овозможи средба со претставници на компании од прекуграничната област кои ги презентираа потребите од работна сила и можностите за вработување.
Буткамп за раст за млади од прекуграничен регион во Северна Македонија
Скопје 25-28 Февруари 2024На Growth Bootcamp-от земаа учество 30 млади луѓе од Северна Македонија. Истиот покри тематски области кои ќе им помогнат на овие млади луѓе во нивниот кариерен развој, да ги развијат своите работни и претприемачки вештини и да ги препознаат можностите за професионален и кариерен раст. Во исто време на овие млади луѓе им се овозможи средба со претставници на компании од прекуграничната област кои ги презентираа потребите од работна сила и можностите за вработување.
Видео сведоштва од Буткамп за раст за млади од прекуграничен регион во Северна Македонија
ПРЕКУГРАНИЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ
Скопје 24-25 Јануари 2024Конференцијата беше организирана како дводневен настан, и претставуваше значаен чекор во насока на подобрување на прекуграничната соработка меѓу Србија и Северна Македонија.
Конференцијата претставуваше единствена можност за единиците на локалната самоуправа, малите и средни претпријатија, образовните институции, претприемачките работилници, земјоделски фарми, бизнисите во сопственост или управувани од жени, граѓанските организации и граѓанските здруженија од прекуграничната област на Србија и Северна Македонија, да се запознаат, вмрежат, и соработуваат.
За време на Конференцијата беше потпишан Протокол за соработка со сите заинтересирани чинители од прекуграничниот регион.
СТУДИСКА ПОСЕТА НА ПРЕКУГРАНИЧНА ОБЛАСТ СЛОВЕНИЈА ИТАЛИЈА
СЛОВЕНИЈА-ИТАЛИЈА, 06-09 ноември 2023Организација на студиско патување за претставници на ЕЛС и проектни партнери во прекуграничната област Словенија - Италија. Целта на ова студиско патување беше да се овозможи ефикасен трансфер на знаења за успешните механизми за развој на заеднички проекти за прекугранична соработка како и програми и мерки за подобрување на мобилноста на работната сила и вработливост.
Opportunity4You
За Opportunity4You
Проектот Opportunity4You е кофинансиран од страна на Европска Унија - Програма за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2016-2020 година, според Инструментот за претпристапна помош (ИПА II), распределби 2018, 2019 и 2020 година
Содржината е единствена одговорност на спроведувачите на проектот, и во никој случај не е одраз на ставовите на Европската Унија.