ПРИЈАВИ СЕ - Натпревар за млади иновативни претприемачи!

ПРИЈАВИ СЕ - Натпревар за млади иновативни претприемачи!

Пријави се за POPRI 2025 -

Натпревар за млади иновативни претприемачи!

Центарот за управување со знаење (ЦКМ) со задоволство ве поканува да се пријавите за учество на POPRI 2025, престижниот меѓународен натпревар наменет за млади луѓе со претприемачки дух и иновативни идеи.

Ако си студент и веќе работиш со тим на реализација на иновативен проект – ова е твојата шанса да се истакнеш! POPRI е натпревар кој не само што ги поддржува младите иноватори, туку им овозможува и поврзување со ментори, институции и млади од 10 земји од Јадранско-Јонскиот регион.

POPRI 2025 ќе се одржи во мај на островот Крит, Грција, во рамките на 10-от EUSAIR Форум, кој претставува важна платформа за регионална соработка и развој.

Не ја пропуштај оваа уникатна можност да ја претставиш својата идеја на меѓународна сцена!

Повеќе информации за фазите на натпреварот и селекцијата во Македонија ќе бидат објавени од понеделник, 31-ви март.

Пополни ја регистрациската форма на следниот линк и направи го првиот чекор кон реализација на твојата идеја:

Информации за настанот

Датум на настан 06.05.2025
Датум на завршување на настанот 07.05.2025
Краен рок за регистрација 07.04.2025
Локација Chania, Crete, Greece

Информации за местото на одржување - Chania, Crete, Greece

We are no longer accepting registration for this event

За Opportunity4You

Проектот Opportunity4You е кофинансиран од страна на Европска Унија - Програма за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2016-2020 година, според Инструментот за претпристапна помош (ИПА II), распределби 2018, 2019 и 2020 година

Содржината е единствена одговорност на спроведувачите на проектот, и во никој случај не е одраз на ставовите на Европската Унија.