Вести

Kick-Off состанок

Kick-Off состанок на проектот Opportunity4You

Проектот Opportunity4You е 18-месечен проект на програмата CBC Србија-Северна Македонија кофинансиран од Европската Унија. Таа има за цел да ги подобри механизмите за поддршка на вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област на Србија и Северна Македонија и да му овозможи на регионот да капитализира од иницијативата Отворен Балкан.

На 3-ти Март 2023, проектниот тим од проектните партнери: Центар за управување со знаење, Северна Македонија, Центар за развој на скопскиот плански регион, Северна Македонија, Центар за развој Јабланичког и Пчињског округа Лесковац, Србија, и Општина Власотинце, Србија, одржаа Kick-Off состанок во Скопје

На состанокот партнерите потпишаа партнерски договор и ги договорија следните проектни активности

За Opportunity4You

Проектот Opportunity4You е кофинансиран од страна на Европска Унија - Програма за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2016-2020 година, според Инструментот за претпристапна помош (ИПА II), распределби 2018, 2019 и 2020 година

Содржината е единствена одговорност на спроведувачите на проектот, и во никој случај не е одраз на ставовите на Европската Унија.