Центарот за управување со знаење (ЦКМ) ве повикува да се пријавите за учество на POPRI 2025, престижен младински претприемачки натпревар.
Овој натпревар е идеална можност за млади луѓе со јасна визија, иновативни идеи и претприемачки дух да ги развијат своите идеи и да добијат поддршка за нивната реализација. Ако имате претприемачка идеја и тим кој активно работи на истата, не двоумете се да не контактирате на
Идеите кои веќе биле наградени на други натпревари се исто така добредојдени
Зошто фокус на младите?
Младите луѓе имаат свежи идеи и креативни решенија за актуелните предизвици со кои се соочуваме денес. Затоа е и POPRI создаден, за да им даде шанса да ги презентираат своите идеи, да разменуваат знаење и искуства, и да создадат мрежа со останатите учесници, институции и претприемачи.
Кој може да учествува во POPRI?
Во натпреварот учествуваат млади од 10 земји-членки на EUSAIR: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Италија, Црна Гора, Северна Македонија, Сан Марино, Србија и Словенија. Нивните идеи се претставени пред ментори и судии од овие земји, кои ги земаат во предвид нивните пораки и решенија.
Кога и каде ќе се одржи POPRI 2025?
Настанот POPRI 2025 ќе се одржи во мај 2025 година, Крит Грција, во рамките на 10-от EUSAIR Форум. Овој форум е една од најзначајните конференции на ЕУ Стратегијата за Јадранско-Јонскиот Регион (EUSAIR), која има за цел унапредување на соработката меѓу земјите од овој регион.
Кои институции го организираат настанот?
Во организацијата на POPRI учествуваат следните партнери:
- Центар за управување со знаење (CKM) (Северна Македонија) – главен организатор за 2026 година
- ZICER - Загребски иновациски центар (Хрватска) – главен организатор за 2024 година
- Агенција за локален економски развој Auleda (Албанија)
- Иновациски центар Бања Лука (ICBL) (Босна и Херцеговина)
- Научно-технолошки парк на Крит (STEP-C) (Грција)
- CONFCOOPERATIVE FVG (Италија)
- Студентски бизнис центар на Универзитетот Донја Горица (Црна Гора)
- Институт за иновации на Република Сан Марино (Сан Марино)
- Бизнис инкубатор Нови Сад (Србија)
POPRI претставува одлична можност за младите иноватори и претприемачи да ги развијат своите идеи и да се вклучат во меѓународна мрежа на талентирани луѓе. Доколку имате идеја и сакате да направите разлика, POPRI 2025 е настанот што не смеете да го пропуштите!
Повеќе информации за начинот на аплицирање во Македонија ќе бидат достапни од понеделник, 24-ти март!