Информативна и едукативна работилница - изработка на програма за практикантска работа за сите заинтересирани страни во Србија се одржа на 10.04.2024 година во просториите на Техничкото училиште во Власотинце, ул. Михајла Михајловиќа бб, Власотинце 16210.
Целта на настанот беше да се информираат целните групи за предностите од воведувањето на програмата за практикантска работа и да се едуцираат учесниците како да пристапат кон процесот во нивните организации, имајќи ги предвид законските прописи во Србија. На настанот присуствуваа претставници на мали и средни претпријатија, бизниси во сопственост или управувани од жени; ГО; Занаетчиски, земјоделски, деловни здруженија од Јабланичко Пчињскиот регион. Учесниците го изразија своето задоволство од учеството на работилницата, резултатите од евалуацијата покажаа дека 61,90% од учесниците значително го подобриле своето знаење во областа на подготовка на програмата за практикантска работа, додека 33,33% го подобриле своето знаење од оваа област. 90,48% од учесниците изразија интерес да продолжат да се информираат на оваа тема.
Организатор на настанот: Центар за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот регион, Србија (Ко-апликант 2) заедно со проектните партнери Центар за управување со знаење, Скопје, Северна Македонија (главен апликант/координатор); Центар за развој на планскиот регион Скопје Северна Македонија (ко-корисник 1) и општина Власотинце, Србија (Ко-апликант 3).