Вести

Организиран БУТКАМП ЗА РАСТ за млади од прекуграничен регион во Северна Македонија

Камп за РАСТ! 

25-28 февруари, Хотел Белви, општина Илинден

Во периодот од 25-28 февруари во прекуграничен регион на Северна Македонија, Центарот за управување со знаење организираше четвородневен информативно едукативен настан т.н. Growth Bootcamp на кој земаат учество 30 млади луѓе од Северна Македонија.

Истиот покри тематски области кои ќе им помогнат на овие млади луѓе во нивниот кариерен развој. Во исто време на овие млади луѓе им се овозможи средба со претставници на компании од прекуграничната област кои ги презентираа потребите од работна сила и можностите за вработување. 

 

 

Главната цел на кампот беше да им помогне на младите од прекуграничниот регион да ги развијат своите работни и претприемачки вештини и да ги препознаат можностите за професионален и кариерен раст.

 

 

Обуката во рамки на 4-дневниот камп опфати:

  • Самопроценка на лични карактеристики
  • Истражување на различни професии и работни места
  • Стратегии за барање работа
  • Совети за претставување на интервју
    • Поставување на цели
    • Играње на улоги: Претставување на интервју за работа
    • Претприемништво и можности за самовработување
  • Искуствено учење преку вежби, активности и дискусии
  • Тимска работа

Настанот се спроведе во Хотел Белви, општина Илинден.

 

 

За Opportunity4You

Проектот Opportunity4You е кофинансиран од страна на Европска Унија - Програма за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2016-2020 година, според Инструментот за претпристапна помош (ИПА II), распределби 2018, 2019 и 2020 година

Содржината е единствена одговорност на спроведувачите на проектот, и во никој случај не е одраз на ставовите на Европската Унија.