Камп за РАСТ!
Центарот за управување со знаење заедно со Центарот за развој на Скопски плански регион, Центарот за развој на Јабланичког и Пчињског округа, Општина Власотинце организира Буткамп за Раст за Млади кој ќе се оддржи од 25-28 февруари во прекуграничен регион на Северна Македонија.
Главната цел на кампот е да им помогне на младите од прекуграничниот регион да ги развијат своите работни и претприемачки вештини и да ги препознаат можностите за професионален и кариерен РАСТ.
Што ќе научиш?
Преку добри совети и насоки за 4 дена ќе научиш како да ги развиеш твоите лични и професионални вештини, твојата кариера, како да се истакнеш во толпата, како да дојдеш до посакуваното работно место и многу повеќе. Исто така, ќе создадеш и трајни пријателства со други талентирани, млади луѓе како тебе.
Но, најмногу од сè - ќе биде забавно, интересно и корисно!
Дали си еден од нашите победници? Аплицирај овде
Услови за учество во кампот се:
1) возраст меѓу 16-29 години; 2) жител на една од 29-те општини што го сочинуваат прекуграничниот регион Србија-Северна Македонија.
Учеството е бесплатно за сите поканети учесници. Буџетот на проектот ги покрива трошоците за превоз, сместување и храна.
Општини:
Северна Македонија: Сопиште, Студеничани, Зелениково, Сарај, Ѓорче, Бутел, Арачиново, Илинден, Петровац, Чучер Сандово, Липково, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Старо Негоричане, Ранковце
Рокот за регистрација е до 23ви февруари, 2024.
Организаторот го задржува правото на промена на датумот доколку условите го бараат истото.
Повеќе информации за повикот на следниот ЛИНК.
Проектот, кофинансиран од ЕУ, е заедничка иницијатива на Центарот за управување со знаење, Северна Македонија, Центарот за развој на скопскиот плански регион - Северна Македонија, Центар за развој Јабланичког и Пчињског округа Лесковац, Србија, и Општина Власотинце, Србија. Нашиот фокус е на зајакнување на механизмите за поддршка на вработувањето и мобилноста на работната сила во пограничниот регион помеѓу Србија и Северна Македонија . Со воведување иновативни пристапи и поттикнување прекугранични партнерства, ние имаме за цел да ја зголемиме вработливоста и мобилноста на работната сила, зголемувајќи ги капацитетите и компетенциите на двата сектора во програмите за вработување.